Новороденчето чија мајка почина за време на царскиот рез во Санте Плус е во релативно стабилна состојба, но сеуште е на респиратор на одделот за Интензивна нега на Клиниката за детски болести. Лекарите велат дека деноноќно ја следат неговата состојба и има мало подобрување од четвртокот кога го примиле. И додека педијатрите се грижат за бебето, од Санте плус се уште без официјален став што се случувало во четвртокот и како дошло до трагичен крај за 31 годишната жена од Кичево на која ова и било прва бременост. Најверојатно ќе се изјаснат во текот на утрешниот ден кога ќе биле собрани сите лекари. Нема официјален податок и од Судска медицина, а за случајот се заинтересира и Министерството за здравство кое формирало стручна комисија да го испита целиот случај.