Бебе оперирано заради дефект на р’бетот па вратено во стомакот на мајката

Го извадиле од стомакот на мајката и го оперирале

Во Велика Британија е извршена операција на сѐ уште неродено бебе кое во текот на зафатот било извадено од стомакот на мајката, а по завршувањето на операцијата е вратено во матката. На оваа интервенција ѝ претходела дијагноза на тежок облик на спина бифида, дефект кај кој р’бетниот мозок не се затвара во целост, што може да доведе до големи оштетувања на р‘бетот, комплицирани инфекции, но и парализа.

Оваа процедура досега е вршена само во Белгија, но 26.годишната Бетани Симпсон, чиј термин за породување е во април, е една од неколку мајки кои тимот од белгиски и британски лекари ги оперирал во Лондон, пишува Индепендент.

Бетани изјавила дека неа и на сопругот, откако на девојчето во стомакот му дијагностицирале спина бифида, им понудиле неколку опции: продолжување на бременоста, прекин на бременоста или фетална хирургија.

„Моравме да го направиме тоа. Исто така, јас и бебето моравме да исполниме многу стриктни критериуми“, вели Бетани.

Операцијата е извршена во 24.недела од бременоста, а Бетани е четврта мајка на која во Велика Британија ѝ е направен ваков зафат во кој клучна улога одиграле специјалистите од универзитетската болница во Лондон.

„За мене се грижеа најдобрите светски хирурзи“, изјавила Бетани и додала дека операцијата била успешна, но и дека, за жал, 80 отсто од бременостите се прекинуваат кога на родителите ќе им се сооппти дека детето заболело од оваа болест. Таа рекла дека спина дефида е сериозна состојба, но дека оваа дијагноза не е смртна казна, туку дека сите бебиња заболени од оваа болест имаат потенцијал да бидат како било кој од нас.

бебевратеномајкаматкаоперирано