По синоќешната драма во Аеродром и информацијата дека тешката миризба била од употребени мелни пелени, денеска надлежните соопштија дека деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која ги користелапочинала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број 11 синоќа беше евакуиран првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“. Станарите шест часа не можеа да се вратат дома.
Деведесетгодишната жена живеела со 65-годишна ќерка, која е подвижна и не користи пелени за вршење нужда.
Се работи за материјално и станбено обезбедена жена, односно корисник е на пензија и има стан, не е загрозена категорија, а и самата има ќерка, која, пак, има обврска да се грижи за неа.
Од Министерството за труд велат дека согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот.
Вчера околу 18 часот станари од „Скопјанка“ се пожалиле на остар мирис од кој ги печеле очите. На терен излезе противпожарната бригада на Скопје, полиција и армијата кои со гас-маски ги евакуираа станарите, а по шест часа открија дека остриот мирис се шири од станот број 11 во првиот влез. По дезинфекција на станот на станарите по полноќ им беше дозволено да се вратат дома