Апарат за зрачна терапија со месеци фаќа прашина во ходниците на Онкологија!

Повеќе од една година во ходниците на Онкологија прашина фаќа симулатор за планирање на зрачна терапија. Апаратот претходно бил во функција на пациентите 12 години а од клиниката го спакуваа кога во јуни 2016 година беше инсталиран новиот. Тогаш надлежните изјавија дека ќе биде преместен за користење во Битолската клинича болница, но и после 15 месеци зафаќа простор во делот каде се движат пациенти.

-Јас колку што знам требал да заврши во Клиничката болница во Битола. Од она писмено што видов, планиран бил за таму но нема ниту рокови кога ни како, ништо, овде седи една година  и 3 месеци, вели др. Нино Васев директор на Клиника за Онкологија.

Директорот на Онкологија планира во најскоро време да биде дислоциран од нивниот простор. Вели дека е греота да не биде во функција на пациентите, но ако мора ќе го однесат во магацин. Побаравме одговор и од Министерството за здравство, од каде ни најавија подетални информации за во понеделник.

-Ќе го ставиме во складиште да е на суво, ќе видиме и со министерство за здравство, штета е ова да се тргне апарат што работи, но морал да биде ставен новиот апарат, вели Васев

Овој апарат е неопходен за прецизна и квалитетна радиотерапија за пациентите.

апаратзрачењепопуларносимулатор