Аларманто – Хемофиличари во земјата со години чекаат за хируршки интервенции!

Со години нема операции за лица со хемофилија поради недостаток од неопходниот лек. Драги Лулевиќ кој од раѓање ја има оваа дијагноза, од 2015 чека за три хируршки интервенции на зглобови. Одењето му е отежнато, има и болки, но вели, ниту еден хирург не сака да го внесе во операциона сала бидејќи исходот може да биде фатален без да има доволно количини на потребниот фактор за коагулација.

-Никој не сака да ризикува, кој би се нафатил на тоа, несака ниту пациентот ниту лекарот, знаете, кога немате фактор за хемофилија исто како да немате операциона сала, па каде би олерирал, на улица..нема операции, се е стопирано, вели Драги Лулевиќ од здружението Хемо вил

Лулевиќ пред неколку години поминал трипати во операциони сали бидејќи бил буквално врзан за кревет. Вели се препородил, но повторно дошло време за интервенции на зглобовите. На истата мака како Драги се уште петмина хемофиличари кои подолг период чекаат за ортопедски операции.

-Болките се понекогаш толку големи што е неопходно и пиење на морфиум. Знаете, лошо е кога сте ограничен само на 50 метри до тоалет и толку. Не е добро тоа, вели Лулевиќ

Хемофиличарите се исплашени да не им се повтори ланската година кога подолг период беа без неопходната терапија поради административни и тендерски процедури. Знаат како може да се реши проблемот и тоа им го напишале и на здравствените власти. Очекуваа нивна реакција.

-Им напишав писмо, 50 проценти од тоа да прифатат ќе биде добро, зголемување за 20 до 25 проценти на факторот за да има и за операции, вели Лулевиќ

Во земјата има околу 320 хемофиличари од кои поголем број имаат хемофилија А која е потешка форма на болеста.

операцијапопуларноризикфакторхемофилија