Доколку имате потреба од снимање на магнетна резонанца во некоја од македонските болници, задолжително прашајте за колку килограми е наменета. Искуството на еден скопјанец покажува дека може да чекате со месеци и на крајот да не ја добиете неопходната дијагностика преку овој апарат. Имено, тој закажал снимање во една скопска болница. Чекал три месеци и кога с епојавил во собата за снимање, му рекле дека не може да му направат снимање бидејќи апаратот бил за 100 килограми а тој имал некој килограм повеќе. Во такви случаи, потребно е медицинското лице да го исвести пациентот уште кога закажува снимање, а не да чекаат со месеци и да остабат без услуга. Во некои од болниците има апарати за пациенти кои тежат до 120 килограми, а над таа тежина има апарат само во една приватна болница во државата.