Ако сте почнале да пушите пред 16-тата година тешко е да се откажете од цигарите!

Оние кои многу млади почнале д апушат многу потешко ќе се откажат од овој порок, тврдат научници од Универзитетот во Калифорнија. Според нив, пушењето од тинејџерските години има трајни последици за човечкиот мозок , најмногу во износот на сивата материја во него, пренесува Daily Mail.
Колку подолго маж или жена пушат , имаат помал обем на сива материја особено во областа на мозокот наречен инсула кој е одговорен за донесување на одлуки и инстинктивни желби, велат научниците кои ги анализирале магнетните снимки на мозокот кај испитаниците.
Покрај тоа, пушачите кои се зависни од никотин од рана возраст , во текот на животот се повеќе го зголемуваат бројот на испушени цигари од оние кои почнале да пушат покасно. Две третини од пушачите почнале да пушат пред 18 -годишна возраст, а повеќето од нив станале пушачи пред 16-тиот роденден.
– Последиците на мозокот од пушењето кај младите тинејџери се шокантни, тврдат научниците.

материимозокнавикаоткажувањепушењецигари