Една слива е еднаква на грст боровинки, барем кога станува збор за количината на антиоксиданти. Ова овошје е првиот избор при опстипација, односно запек.
Сливите содржат витамин Ц (5 од 8 мг на 100 г, во зависност од видот на сливата), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум, како и дури 240 мг на 100 г калиум. Сливите изобилуваат и со диетални влакна, 2 г на 100 г, а покрај сето тоа тие се нискокалорично овошје.
Истражувањата покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи на ден, во времетраење од два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол ЛДЛ.
И ниту тука не завршуваат благодатите од ова овошје. Со консумација на 12 суви сливи на ден, односно 100 грама, за три месеци значително ќе се зголемат маркерите во крвта кои покажуваат зголемена густина на коските, покажало едно од истражувањата.
Дихидрокси-фенил изатин, е една од состојките на сливата поради која, помеѓу останатото, ова овошје има лаксативен ефект. Му помагаат и сорбитолот и фенолите, како и растителните влакна. 25 грама суви сливи, што е еквивалент во просек на три плода, ни осигурува 5 отсто од потребниот дневен внес на влакна, кој за мажите на возраст од 19 до 50 години е 25 отсто, а за жените од истата старосна група е 7 отсто.