Ако носите тесни фармерки, може да ги добиете овие гинеколошки проблеми

Ризик од тесни фармерки!

Тесните фармерки, панталони и долна облека може да предизвикаат вагинални воспаленија, а со оглед на тоа дека зачестеноста на инфекциите е зголемена, оваа состојба добила и медицински назив – „синдром на тесни панталони“.

Истражувањата укажале на почеста појава на вагинални габични инфекции кај жените кои носат тесни фармерки и тесна долна облека, во споредба со оние кои носат комотна памучна облека.

Тесната облека ја ограничува циркулацијата на воздухот (природна вентилација), создавајќи топло и влажно опкружување идеално за развој на габички, така што најчестата вагинална инфекција, кандида, е речиси загарантирана.
Современата медицина предупредува дека денешната мода би можела да доведе до слични последици кои ги имале жените кога носеле корсети, ако не внимаваме што носиме.

Тесната облека влијае на природните функции во телото – како што е дишењето, крвотокот и варењето. Поради неа дишењето станува плитко, крвотокот слабее, а со самото тоа и помалку кислород кружи низ телото, опаѓа концентрацијата и доаѓа до замор, тромост, летаргија.

Поради неможноста за правилно дишење, може да се појави хипервентилација или напад на паника.

вагиналнитеснифармерки