Ако не можете да се откажете од цигарите еве како да го исфрлите никотинот од белите дробови!

Ако веќе не можете да се откажете од цигарите, тогаш барем прочистете ги белите дробови со неколку здрави продукти. Овие производи се мелем за вашите гради и ги прочистува од никотинот.

Сок од цеден портокал

Ова е многу ефикасен домашен лек за исфрлање на никотинот од организмот, особено за оние кои сакаат целосно да прекинат со пушењето.

Брокули

Нивото на никотинот во организмот можете да го намалите со консумирањето брокули. Ова зелено овошје е богато со витамините Б5 и Ц кои ефикасно ќе ги заменат витамините што се губат со пушењето цигари.

Сок од моркови

Кога ќе стаса во организмот, никотинот влегува во крвотокот и во телото се задржува и до три дена. Сокот од моркови може да го намали негативното влијание на цигарите на организмот. Оваа напивка е богата со витамините А, Ц, К и Б кои се ефикасни во исфрлањето на токсините од организмот.

Вода

Водата може да ги исфрли речиси сите штетни материи од организмот, вклучувајќи го и никотинот. Ако дневно внсувате осум чаши вода, можете значајно да го намалите негативното влијание на пушењето. На обичната вода може да и додадете и парчиња лимон и портокал за да го оплемените вкусот.

Селен

Селенот е минерал кој може да се најде во трагите од одредени продукти или пак може да се користи како додаток во исхраната. Ензимот кој произведува витамин Е го стимулира и овозможува јакнењето на белодробната мембрана.

бели дробовиводаникотонпушењесок од портокалцигари