Ако јадете по едно пакување чипс дневно пиете по пет литри зејтин!

Оваа застрашувачка информација за чипсот се поврзува со заканата од висок крвен притисок, зголемен ризик од рак и проблеми со развојот на фетусот кај трудниците. И покрај сознанијата дека чипсот не е здрав за организмот , една третина од возраснителуѓе јадат чипс секој ден, додека две третини од децата јадат чипс неколку пати неделно, покажува истражувањето на британската компанија “YouGov”. Експертите откриле дека јадењето на чипс секој ден е еднакво на пет литри зејтин годишно. Проблемот не е само во мастите, туку и во процентот на сол и шеќер во популарните чипсови, пишува Daily Mail.
– Културата на јадење чипс придонесе за епидемија на хипертензија, дебелина и болести на срцето. Не е проблем повремено јадење чипс, но оние кои го јадат секој ден треба да се запрашаат што прават со нивното здравје – вели д-р Дариј Мозафариан од Универзитетот Харвард.
Тој објаснува дека јадењето чипс влијае на нормалните нивоа на инсулин и гликоза, па веднаш може да се почувствува глад.

зејтинистражувањемастичипс