За да можат парите да течат во вашиот живот, ослободете се од нередот. Почнете со обично чистење на просторот, пред се од прашина, нечистотија, вишок облека, па поправање на инсталации кои се расипани и мебелот кој е искинат.
Исфрлете од просторот се што ви ја краде енергијата. Потоа енергетски исчистете го просторот со палење темјан и ѕвончиња по аглите кои ќе ја поттикнат енергијата.
Ако сакате да привлечете богатство, некаде во станот поставете „вазна со богатство“, наполнете ја со парички или нешто што за вас претставува богатство. Затворете ја и не ја отварајте често.
Во вашата кујна шпоретот не би смеел да биде под прозорот, бидејќи тоа носи проблеми со парите. Садоперот може да биде на тоа место, бидејќи на тоа место, низ прозорот преминува позитивна енергија. Шпоретот и садоперот треба да бидат одалечени, а ако не се, меѓу нив ставете зелено растение.