Болно грло
Ослободете се од болката во грлото така што во чаша топла вода ќе помешате една лажица сок од лимон, половина лажица црн бибер и лажичка морска сол. Оваа течност нека ви служи за гаргара неколку пати дневно и така ќе се збогувате од болното грло.
Слабеење
Направете микс од четвртина лажица црн бибер, две лажици лимон сок и една лажица мед. Сето тоа помешајте го во чаша топла вода и пијте го секое утро со цел да го забрзате метаболизмот.
Забоболка
Помешајте половина лажица мелен бибер и половина лажица масло од каранфилче и ставете ја мешавината на болниот заб.
Мачнини
Вознемирениот стомак се лекува со црниот бибер, а мачината со лимон. Затоа помешајте по една лажица лимонов сок и бибер во топла вода. Пијте ја течноста полека додека не почувствувате дека мачнината исчезнува.