Ако имате потешкотии да заспиете оваа билка ќе ви помогне

Ако сте под стрес и имате потешкотии да заспиете во вечерните часови, мирисот на лаванда може да ви помогне да се опуштите. Лавандата е позната по своите смирувачки својства – нејзиниот мирис ни помага да се опуштиме и  дејствува анксиолитично.

Маслото од лаванда содржи linalool и linalyl acetate кои директно влијаат врз централниот нервен систем и смиреноста. Поради тоа, вдишувањето на мирисот на лаванда ќе ви помогне да ги опуштите мускулите и нервите и, на крајот, ќе ви помогне да заспиете побрзо.

Како е најдобро да користите лаванда ако сакате да се опуштите и да заспиете побрзо во вечерните часови?  Наполнете ја кадата со топла вода и додадете 10 капки есенцијално масло од лаванда.

Друг начин е  околу половина час пред спиење, истурете врела вода (околу 500 ml) во еден длабог сад и  додадете 2 до 3 капки есенцијално масло од лаванда. На овој начин ќе го освежите воздухот во просторијата и миризливите пареа ќе ви помогнат да се опуштите.

Можете и на долната страна од перницата односно на навлаката од перницата (не нанесувајте масло на делот од перницата што доаѓа во контакт со лицето и очните капаци / очите) да нанесете две или три капки масло од лаванда.

Добра вест е дека мирисот на лаванда ги брка и комарците, така што ниту зуењето, ниту каснувањата од овие инсекти нема да ве спречат да спиете мирно.

лаванданесоница