Ако имате подуен стомак ќе ви помогнат овие растенија!

Ананас, ѓумбир, нане, мајчина душица, овие зачини и растенија ги потсмируваат цревата и ја намалуваат надуеноста на стомакот.
Растенијата богати со етерични масла имаат благотворно дејство и смирувачки ефект врз варењето на храната. Во комбинација со камилица и глуварче, овие зачини го стимулираат ензимот потребен за целосно ефикасно варење на храната и го намалуваат дејството на бактерии кои создаваат гасови.
Проблемот со подуеноста можете да го решите така што ќе направите едноставен напиток со овие здрави состојки. Се што ви е потребно е шолја ладен чај од камилица или глуварче, шолја јагоди, парчиња ананас, пробиотички јогурт, лажица мед и една шолја со коцки лед. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Подуеноста на стомакот најчесто е предизвикана поради недоволното џвакање на храната, но и заради претераната употреба на намирници кои содржат лактоза или јаглени хидрати.

бактерииѓумбирнанеподуенострастенијастомакхрана