Отечени нозе
Големата порција на калорична храна која сте ја вечерале, пица или хамбургер, не мора да биде единствената причина зошто се чувствувате „како балон“. Отечените и тешки нозе можат да бидат индикатор дека нешто не е во ред со вашето срце.
Задржувањето на течности е вообичаен симптом кога срцето не ја пумпа и не ја обработува крвта на правилен начин.
Пред да се исплашите, навистина запрашајте се зошто ви отекуваат нозете и задолжително појдете на лекар ако мислите дека тоа не е од храната.
Главоболки
Постојат неколку видови на главоболки и не е секоја знак дека срцето ви е послабо. Но, ако таа болка е придружена со уште некој симптом, како што се вртоглавици, тоа може да укажува на аневризма и тоа бара итен лекарски преглед.
Грчеви во стомакот
Болка во градите или непријатно трнење на левата рака се симптоми кои најчесто се поврзуваат со срцеви проблеми. Меѓутоа, лекарите велат дека и грчевите во стомакот можат да бидат индикатор. Особено внимание обрнете ако почувствувате болка каква што не сте почувствувале никогаш претходно. Исто така, и невообичаена болка во горниот дел од грбот може да укажува на проблеми со срцето.
Исцрпеност
Ова е најтешкиот симптом, бидејќи може да укажува на различни проблеми, а можеби и едноставно сте ненаспиени.
Особено кај жените, необичниот замор може да се забележи за време на срцев удар, исто како и неколку дена пред самиот удар. Константниот замор немојте секогаш да му го препишувате на времето, туку контактирајте лекар за преглед.
Несвестица и вртоглавици
Ако имате блага несвестица и кратки воздишки, сметајте дека е крајно време да посетите лекар. Вашето тело ви испраќа сигнали дека срцето не работи како што треба.
Тоа може да биде ран знак за срцеви или болести на белите дробови.