Лоши навики со кои ги убиваме бубрезите!

Здравјето на бубрезите е од клучно значење за целокупното здравје на луѓето

Докажано е дека здравјето на бубрезите е од клучно значење за здравјето на коските, бидејќи бубрезите филтрираат токсини кои ги прават коските послаби со стареењето. Но, освен за здравјето на коските, бубрезите се клучни за целокупното здравје на луѓето.

Бубрезите се меѓу најважните органи во човечкиот организам, а некои од дневните навики, кои ни се чинат сосема банални, можат многу да им наштетат.

Не пиете доволно вода

Бубрезите, како и другите органи, имаат потреба од вода. Недостатокот на вода може да доведе до послаб проток на крв во бубрезите, што ќе ги спречи да ги исфрлаат штетните материи преку урината.

Јадете премногу сол

Со конзумирање премногу сол може да му се наштети на целиот организам, а не само на бубрезите. Сепак, поради тоа што најголемата количина сол оди во бубрезите, се случува тие да станат најизложени на таа нездрава навика. Преголемо количество на сол во телото ги активира бубрезите, што може да доведе до дехидрација и недостаток на вода во телото што е неопходно за правилно функционирање на целиот организам.

Премногу протеини

Протеините се неопходни за нашиот организам. Оние кои активно се занимаваат со спорт, односно оние кои активно работат на зголемување на мускулната маса, се особено запознаени со тоа. Сепак, претерувањето со протеини негативно ќе влијае на здравјето на бубрезите.

Премногу алкохол и цигари

Алкохолот и цигарите немаат корист за здравјето на луѓето. Тие се штетни за целиот организам, вклучувајќи ги и бубрезите. Може да доведат до слаб проток на крв во бубрезите, што може да го блокира исфрлањето на токсините од телото, за што се задолжени бубрезите.

Премногу кофеин

Иако конзумирањето кофеин има здравствени придобивки, треба да ја ограничите дозата на максимум 3 кафиња на ден за да го зачувате здравјето на бубрезите.

бубрезиздравјенавики