АХВ нареди итно повлекување на путер од кикиритки со чоколадo поради небезбедност

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедниот производ „Bio Chocolate Chip peanut butter“, поради присуство на недеклариран алерген млечен протеин.

Од АХВ ги наведоа деталите за производот:

Сериски број/лот: LO107

Рок на употреба: 01.07.2023

Производство: Nature‘s Finest

Увозник: Зегин ДОО

Дистрибутер: Зегин ДОО

-Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, стои во апелот на АХВ.