9 производи што ги користите, а се штетни за твојата кожа!

Списокот на состојкитe кои не треба да ги користиш и нанесуваш на твоето лице

Ова е списокот на состојкитe кои не треба да ги користиш и нанесуваш на твоето лице:

1. Сода бикарбона

Содата бикадбона предизвикува лупење на кожата. Ph врадноста на кожата е 4,5 – 5,7 додека на содата бикарбона е 9, што е премногу и со честото нејзино користење кожата ја губи својата влажност.

2. Паста за заби

Не ставај паста за заби на акните. Таа не помага бидејќи содржи пеперминт, пероксид, вештачки вкусови и алкохол и предизвикува печење.

3. Врела вода

Врелата вода ја суши кожата, ја оштетува нејзината природна бариера, а штетна е и за луѓето кои имаат егземи и псоријаза. Таа доведува и до ширење на акните кај оние со проблематичка кожа.

4. Пероксид

Пероксидот е природен антисептик лечи гребаници и рани, меѓутоа на кожата предизвикува иритација и црврнило и со честото користење го оштетува заштитниот слој на кожата.

5. Шеќер и сол

Шеќерот и солта ги симнуваат мртвите ткива од кожата. Ако измешаш кокосово масло со кафеав шеќер добиваш совршен пилинг, но оваа мешавина е прегруба за твоето лице и може да ја оштети нежната кожа.

6. Креми за раце

Кожата на рацете е исто нежна како и на лицето. Ако крем за раце користиш за лицето може да се затворат порите и да се предизвика воспаление на лицето или алергија.

7.Алкохол

Од алкохолот кожата може да го изгуби заштитниот слој, а со тоа и заштитата од бактерии.

8. Лимон

Често користиш лимон за да се ослободиш од темните флеки, пигментацијата или акните. Меѓутоа лимонотима обратен ефект од содата бикарбона. Ph врадноста на лимонот е 2–3 и ја иритира кожата особено ако се излижувате на сонце, а може да дојде и до изгореници.

9. Цимет

На Интернет ќе видите дека циметот е корисен за кожата особено за отстранување на темните флеки.Тоа не е точно тој прдизвикува пецкање, осип и сува кожа. Дерматолозите предупредуваат дека премногу користење на цимет може да предизвика штета на лицето.

кожалицепроизводи