6 видови на храна што спречуваат рак

Превенција од “чумата” на денешницата – ракот

Иако храната е “горивото” за многу процеси во телото, еден од нив е и енергијата која ни ја дава која ни е потребна за секојдневните физички потреби, вклучувајќи ги и нашите спортските активности, може да не доведе чекор поблиску до превенција од “чумата” на денешницата – ракот. Иако не постои една храна која може да се издвои како успешен борец против ракот, вметнувајќи ги овие видови на  храна во вашиот секојдневен начин на исхрана (истовремено практикувајќи ги здравите навики на исхрана и повеќе неделна физичка активност) со сигурност ќе помогне да го минимизира ризикот. Дел од овие видови на храна некои од нас ги конзумираат секојдневно, така што на добар пат сме!

  1. Млечните производи

Млечните производи како што се млекото, сирењето, урдата, нискомаслените павлаки и секако, whey и casein протеинот, не само што се нутритивно богати со протеини кои се на секому потребни, туку исто така помагаат при превенција од рак. Истражувањата покажуават дека редовното конзумирање на млечни производи е поврзано со намален ризик на добивање рак на : дојка, простата, дебелото црево, мочниот меур и јајниците

 

  1. Домати

Неодамнешно истражување во Англија докажало дека мажите кои конзумирале 1 до 1,5 килограми домати или производи од домати, како што се доматен сос, кечап или доматно пире на неделно ниво, имале речиси 20% помал ризик за развивање на рак на простата. Нови податоци ги надополнуваат истражувањата, кои велат дека ризикот може да биде намален и до 35%.

Здравите бенефити од доматот се благодарејќи на присуството на lycopene, моќен антиоксиданс кој успешно се справува со состојки кои предизвикуваат клеточно и DNA оштетување.

 

  1. Црно чоколадо

Чоко-холици, читајте!  Истражувањата прикажуваат дека флаванолите од какаото може да го намалат ризикот од рак, особено ракот на дебелото црево. Дебелото црево е многу подложно на преголемата продукција на реактивни кислородни видови, кое може да предизвика продукција на канцерогени клетки. Флаванолите работат на неутрализирање на реактивните кислородни видови; какаото е најбогатиот извор на флаваноли кој може да се најде во сите видови на храна! Со неутрализирањето на РКВ, флаванолите од какаото може да помогнат за превенирање на штетата и продукцијата на канцерогените клетки.

 

  1. Кафе

Причина помалце да чувстувате вина ако претерувате со кафето од време на време. Антиоксидативните состојки во кафето по се изгледа имаат бенефит за борбата против ракот на простата. Истражување објавено во “Cancer causes & Control” прикажува дека по повеќе од 1.000 индивидуи кои успешно го победиле ракот на простата, тие кои конзумирале 2 или повеќе шолји на кафе дневно имале 60% намален ризик на повторна појава или прогресија на ракот во однос на оние кои пиеле помалце од 2 кафиња неделно. Конзумирањето на кафе исто така е поврзано со здрав црн дроб. Истражувањата прикажуваат дека оние кои редовно конзумираат кафе, го намалуваат ризикот на црниот дроб до 50%. Други научни истражувања покажуваат дека кофеинот го огложува метастазирањето и обезбедува други антиканцерогени ефекти.

  1. Кељ

Овој зелен, мешункаст зеленчук кои спаѓа во исто “семејство” како што се брокулата, карфиолот, зелката, прокељ и блитвата (моите омилени!). Кељот и останатите мешункасти зеленчуци се богати со органосулфурни компоненти познати како глукосионати, кои може да помогнат да се намали ризикот од рак, конкретно ракот на дебелото црево. Една од главните глукосионати присутни во кељот е сулфурофан, кој се формира кога овие зеленчуци се сецкаат или џвакаат.

 

  1. Лук

Знам, знам…лукот и неговиот “пријатен” мирис. На страна од тоа, лукот има многу бенефити кои надоместуваат за својот непријатен мирис. Добро познато е дека има огромни бенефити за кардио васкуларниот и имуниот систем. Сировиот лук исто така помага за превенција од рак, конкретно колоректален и рак на белите дробови. Едно истражување од Кинески научници покажало дека конзумирањето на сирок лук барем два пати неделно, придонело до 45% намалување на шансата за добивање на рак на белите дробови. Ова исто така важело и за активни пушачи, кои исто така имале намалување на ризикот за 30%

видовипревенцијаракхрана