6 лица починати и 19 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје – 5

• Куманово – 3

• Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2

• Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).

Регистрирани се 26 оздравени пациент од:

• Скопје – 8

• Куманово – 4

• Радовиш и Кратово – по 3

• Штип – 2

• Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057