5 причини зошто не ви расте косата

Дали правите некоја од овие грешки?

Секоја жена посакува да има убава и квалитетна коса. Иако трендовите денес во преден план ги ставаат кратките фризури, долгата коса сѐ уште е знак за женственост и убавина. Но, сигурни сме дека макар еднаш, секоја жена се соочила со бавен раст на косата, што може да доведе до несигурност.

Премногу често ја шишате

Иако сте слушнале дека ова го убрзува растот на косата, сепак не е сосема точно. Да, косата се обновува, но од друга страна, Секој има различен тип на коса, па во зависност од тоа колку влакното ви е силно или дебело, треба да го ускладите квантитетот и квалитетот на потстрижувањето. Затоа, најдобро е да се консултирате со стручно лице.

 

Не спиете доволно

Можеби и не сте претпоставиле, но недостатокот на сон може да влијае на вашата кожа и коса. Потрудете се да имате осум часа сон, не занемарувајте го значењето на навидум неважните работи.

Проверете го железото

Недостатокот на железо може многу да влијае на растот на косата. Внесувајте во организмот спанаќ, лешници, црвено месо… Консултирајте се и со стручно лице за суплементи кои ќе ви ја подобрат крвната слика, но и коса.

Коритите погрешни производи

Ако имате тенко влако, тогаш пеглата и фигарото исфрлете ги засекогаш од употреба. Користете четки и фен. Ќе добиете и поголем волумент. Ако пак, се соочувате со сува коса, не користете масла за коса. Подобар избор се маските, што длабински ќе го нахранат влакното. За тоа каков производ е најдобар за вашата коса, консултирајте се со вашиот фризер.

 

И секако… стрес!

Непријателот број еден на модерното живеење секако влијае и на растот, односно опаѓањето на косата. Одвојте време во денот за опуштање и расположение. Балансот ќе ви донесе не само поквалитетен начин на живот, туку и поквалитетна коса.

грешкикосарасте