5 нешта што МОРА да ги знаете за ХПВ

Заблуда е дека може да се пренесе само полово

Постојат повеќе од 100 типови на ХПВ, од кои само 40 може да ги нападнат гениталиите. Секако, не секој може да има длабоки познавања од оваа област, но исто така мора да се нагласи дека ниту мажите не се поштедени од ХПВ.

ХПВ типовите 16 и 18 се најчести причинители на рак на грло на матка кај жените. Она што помалку луѓе го знаат е дека ХПВ може да предизвика и канцер на грлото, но и на аналниот отвор.

Ова се пет нешта што секој треба да ги знае кога е во прашање овој вирус:

1. Секоја сексуално активна личност е изложена на ризик за ХПВ

Најголем дел од ХПВ типовите се полово преносливи. Здруженијата на гинеколози на глобално ниво се согласни дека секоја личност која е сексуално активна е изложена на ризик за заразување со ХПВ.

 

2. ХПВ позитивен тест не значи и рак

Ако сте заразени со ХПВ тоа не значи дека имате рак на грло на матка или на гениталиите. Дури и ако сте заразени со високоризичен тип, исто така не е неопходно и дека имате рак. Потребни се редовни контроли на гинеколог за да може да се следи состојбата.

3. ХПВ често нема никакви симптоми

Многу девојки и жени дознаваат дека се носители на ХПВ при редовен гинеколошки преглед, а многу мажи никогаш нема ниту да дознаат дека се позитивни. Со помош на ПАП-тест, жените можат да ги откријат абнормалните промени навреме, за да може состојбата да се третира.

 

4. ХПВ може да се пренесе и несексуално

Одредени типови на ХПВ може да бидат пренесени и со контакт кожа на кожа или со бакнување. Поради тоа може да се каже дека кондомот само делумно ве штити од овој вирус.

5. Постојат вакцини за оваа состојба

Вакцините предизвикуваат многу дебати, особено оние кои не се внесени во картонот за задолжителна имунизација, вклучувајќи ја и онаа која штити од болести предизвикани од ХПВ.

Разговарајте со својот гинеколог кој најдобро ќе ви ги објасни сите аспекти, за да може полесно да одлучите дали сакате да ја примите.

знаетеморафактихпв