Секој кој во животот барем малку сериозно се занимавал со психологија, сигурно слушнал за Михаил Литвак.
Тој е руски доктор и психотерапевт и еден од најпознатите и најценети психолози во светот.
Со вас денеска ќе споделиме 20 совети од д-р Литвак кои ќе ви помогнат во решавање на многу животни ситуации
1. Доколку човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тој почнува да зборува лошо за другите.
2. „Гризи“ ја науката, а не грлото на својот ближен – доколку навистина сакаш нешто да загризеш.
3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.
4. Никој никого не отфрла, само што некој оди напред. Оној кој запрел, се смета за отфрлен.
5. Доколку имате добро мислење за себе, зошто е потребно уште некој друг да мисли убаво за вас?
6. Прави што сакаш и не прашувај за дозвола – нема да ја добиеш.
7. Способноста да се сака и добро поднесува самотијата е показател за духовна зрелост. Сè најдобро правиме кога сме осамени.
8. Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае туку и умее. Поради тоа незрелата личност критикува, а зрелата делува.
9. Јас не го знам патот до успехот, но го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.
11. Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледало, избори се со него, па останатите ќе почнат да бегаат.
12. Постигни успех, па ќе поминат навредите.
13. Со пријателите е пријатно да разговараш, со непријателите корисно.
14. Постои само една валидна причина за прекинување на врска и работен однос – неможноста за личен раст во дадена околност.
15. Треба да се споделува само радоста со пријателите, но и со непријателите. Пријателите ќе бидат среќни за вас, а непријателите ќе се вознемират.
16. Не бркај ја среќата и ќе го најдеш местото каде што таа се наоѓа, а и среќата ќе те најде сама. Многумина велат дека среќата се наоѓа во самите вас, а патот до неа е максимален развој на сите лични способности.
17. Среќата е „нуспроизвод“ на правилното организирање на делувањето.
18. Доколку нешто некому сакаш да му докажеш, значи дека живееш поради тој на кој сакаш тоа да му го докажеш. Доколку живееш поради себе, тогаш нема потреба некому да му докажуваш нешто.
19. Фантазија – тоа е гласот на способноста. Само треба да размислувате како тој сон да го остварите, а главно не треба да брзате поради тоа што така соништата се остваруваат.
20. Подобро е да комуницираш со добра книга отколку со празен човек.
извор: tocka.mk