Алкохолот или дрогата – Што е поштетно?

195

Познатиот британски експерт и  професор за наркотици  Дејвид  Нат направил истражување чии резултати покажале дека алкохолот е поштетен од хероинот, екстази и кокаин.
Нат и неговиот тим ги следеле зависноста на штетни супстанции, вклучувајќи алкохол, хероин, кокаин, метамфетамин, канабис, екстази и ЛСД.

Истражувачите го земале влијанието на секоја од овие дроги на организмот, како и трошоците на системот на здравствена заштита, социјалните услуги и затворите.

Анализата покажала дека хероинот, кокаинот и метамфетаминот се најштетни за поединецот додека пак, алкохолот, хероинот и кокаинот се најопасни кога станува збор за влијанието врз општеството како целина.

Порталот Мојот доктор вели дека научниците развиле сложен систем на бодување во кој е докажано дека алкохолот е најштетен и добил  72 од вкупно 100 поени, по него е хероинот со  55 поени и крек кокаин со 54 поени.
Тутунот добил 26 поени, а канабисот 20.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.