Алармантно зголемен бројот на болни од рак во Косово!
Загрижувачки раст на заболени од канцер е забележан во првото полугодие од годинава во Косово.
Веста ја пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Ексрес“ поткрепувајќи го тоа со бројка од 800 новозаболени во првото полугодие од годината.
-Само во првите шест месеци имаме 800 нови случаи, додека до крајот на годината може да имаме повеќе од 1.400. Во споредба со земјите во регионот состојбата кај нас,сепак, е подобра затоа што имаме помал број новозаболени, споредно со Македонија или со Црна Гора, изјави онкологот Илир Куртиши,од Клинката во Приштина.
Тој додава дека како Клиника имаат регистар на заболени од канцер и најавува дека многу брзо Косово ќе добие регистар на заболени од оваа болест.
Според него, бројот на заболени од канцер е над 30 отсто поголем споредено со лани. Но, Куртиши оценува дека бројот на заболени е поголем за уште најмалку пет отсто, бидејќи има пациенти кои не се јавуваат во Приштина, туку „бараат други алтернативи“.
Инаку, во текот на минатата година, во Косово биле регистррани 1.238 нови случаи на заболени од канцер, што е за 430 случаи повеќе споредено со претходната 2015 година.