Алармантно – Во Србија девет починати поради компликации од морбили!

Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ во Србија потврди дека уште две лица на возраст од 30 и 43 години починале од мали сипаници со што вкупната бројка на жртви се искачи на девет. Кај последните две жртви дошло до воспаление на белите дробови.

Српските медиуми пренесуваат дека од октомври 2017 година во Србија се регистрирани 3.162 заболени од мали сипаници. Најмладиот пациент било бебе од 15 дена, а најстариот имал 70 години. Повеќето од жртвите биле невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Епидемија на мали сипаници е прогласена во сите поголеми градови во Србија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.