Алармантно: Тинејџерската бременост во Македонија многу поголема од стапката во ЕУ

564

Македонија е на дното на листата по употреба на контрацепција во Европа. Хламидијата е во постојан пораст и бројките се загрижувачки – од 0,4 во 2004 стапката на морбидитет пораснала на 29,4 во 2014. Само 1,6% на млади до 29 години користат орална контрацепција, а само 12,8% од паровите користат какво било модерно средство за контрацепција. Стапката на тинејџерска бременост, како и на абортуси, во оваа возрасна група е неколкупати повисока од онаа во ЕУ. Овие бројки можат да се намалат, но за тоа се потребни конкретни мерки од институциите, велат од невладината ХЕРА .

Повеќе од јасно е дека причините за овие состојби се недоволната информираност за постојните методи на контрацепција, стравот и предрасудите за нивното дејство, отежнатиот пристап до контрацепција, недостигот од финансиски средства, стравот од осудувачкиот однос на медицинскиот персонал, како и недоволно фукционалните центри за јавно здравје во кои младите треба да се информираат за своето сексуално и репродуктивно здравје.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.