Алармантно се зголемува бројот на заболени од тумор на половите органи
Четири илјади и петстотини мажи од земјава заболеле од рак на простата
Четири илјади и петстотини мажи од земјава заболеле од рак на простата во последните пет години. Загрижувачка е и бројката на карциноми кај женските полови органи. Само минатата година биле оперирани дваесет и четворица мажи, а речиси тројно повеќе жени во велешко од карциноми на полови органи. Лекарите предупредуваат дека тие можат да бидат фатални ако не се откријат на време. Апелираат, посебно до мажите кои, за разлика од жените, немаат таква навика, најмалку еднаш годишно да се јават на преглед.
Причините за појавување на карцином на дојка се сеуште непознати. Само делмно се знае дека има врска со генетиката и социјалната средина во која пациентката живее, вели торакалниот хирург доктор Филип Тодоровски. Слично како и ракот на простатата, карциномното заболување на дојката се лечи со 100 отстотна успешност, само ако се открие во ран стадиум, вели тој.
Карциномите на половите органи кај мажите и жените се сеуште на врвот на листата на најчести карциноми во светот. Според некои анализи, се претпоставува дека во следните десет години бројките ќе се удвојуваат. Во некои земји, годишните прегледи за овие видови карциноми се задолжителни. Доколку пациентот не ги изврши, а заболи, го губи правото на државна здравствена заштита.