Алармантни податоци: Многу висок процент млади немаат физичка активност!

Една четвртина од младите Британци на возраст од 18-24 години, одат во просек само 5 минути на ден покажало истражувањето на  Институтот за истражување Bupa на примерок од 2.000 луѓе.

Нивните родители кои се на возраст од 42-54 години сметаат дека нивните деца не се движат поради технологијата за разлика од нив кои во младоста многу повеќе имале физички активности.

Истражувањето покажало дека просечните Британки шетаат на ден  околу 12 минути, додека пак, мажите во Велика Британија одат многу помалку – осум минути на ден.

И двете бројки се далеку под 30 минути пешачење на ден како што препорачува Британската асоцијација за срцеви заболувања.

Главните изговори на жените за слабото шетање се лошите временски услови и замор, додека пак, мажите се правдаат со многу работа и недостаток на време.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.