Ако ви се покачи температурата не значи дека имате КОРОНА: Руски лекар ја објасни разликата помеѓу грип и ковид-19

Ковид-19 кај луѓето, како по правило, не започнува со нагло зголемување на температурата, изјави доктор за медицински науки Андреј Тјажељјиков за радио „Говори Москва“. Според него, ненадејниот скок на температурата е една од основните карактеристики на обичниот грип.

„Ако видите дека температурата ви скокнала нагло до 40 степени и ги имате сите други симптоми, како што е слабоста, тоа е најверојатно грипот“, смета рускиот лекар.

„Ако видите дека температурата ви скокнала нагло до 40 степени и ги имате сите други симптоми, како што е слабоста, тоа е најверојатно грипот“, смета рускиот лекар.

Кај коронавирусот најчестите симптоми се губењето на сетилото за мирис и вкус.

Специјалистот исто така забележал дека коронавирусот кај човекот може да се појави на различни начини.

„Оваа болест до крајот не е проучена. Видовме апсолутно асимптоматски пациенти на кои што сериозно им беше оштетено белодробното ткиво, а видовме и луѓе кои што беа сериозно болни, но немаа воспаление на белите дробови“ – навел докторот.

извор: ulica.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.