Ако ве боли глава после јадење, тоа може да е симптом на една тешка болест

68

Главоболката може да биде последица на несоница, глад, стрес, прекумерна топлина и може да укажува на многу опасни болести како што е дијабетесот.

Постпрандијалните главоболки може да укажуваат на дијабетес, алергии и реакции на токсични материи. Кога дијабетесот и другите проблеми во работата на панкреасот се во позадина на овој симптом, тогаш доаѓа до нарушување во лачењето на инсулин за време на оброците, се јавува хипергликемија или хипогликемија.

„Ова води до енергетско ‘изгладнување’ на мозокот, што тој го сигнализира со главоболка“, објаснуваат ендокринолозите.

Според лекарите од Клиниката Мајо, причина за болката може да биде и составот на храната.

„Главоболките можат да настанат поради алергиски реакции на одредена храна. Исто така, мозокот може да реагира со болка на зголемување на токсичните материи во крвта, кои денес се наоѓаат во зголемени количини во храната“, велат лекарите.

Покрај овој симптом, постојат и други навидум безопасни знаци кои можат да укажуваат на дијабетес, како што се слабост во рацете и нозете, екстремна жед и други.

Дијабетесот се смета за едно од најчестите ендокрини заболувања во современиот живот. Како што болеста напредува, во органите на пациентот се создаваат неповратни промени, а најчесто се засегнати васкуларниот и нервниот систем, бубрезите, како и мрежницата. Со текот на времето, дијабетесот може да го оштети срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите.

Ова се најчестите последици од дијабетесот:

– Возрасните со дијабетес имаат два до три пати поголем ризик од срцев и мозочен удар.

– Во комбинација со намален проток на крв и невропатија (оштетување на нервите), ја зголемува веројатноста за појава на улцерации, инфекции на стапалата и можната потреба од ампутација.

– Дијабетичната ретинопатија е важна причина за слепило и се јавува како последица на долготрајно акумулирање на оштетување на малите крвни садови на мрежницата. Статистички, 2,6 отсто од вкупниот број слепи лица се поради дијабетес.

– Дијабетесот е една од водечките причини за откажување на бубрезите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.