Ако ве болат бубрези, колк или колено, проверете си ги и забите!

Ако хронично чувствувате некоја неугодност или имате болна манифестација, а никакви лекови и терапија не можат да ви помогнат, помислете на забите.

Според експертите и најмала штета на забите може да предизвика проблем со некој од органите, бидејќи – горните и долните секачи се поврзани со здравствената состојба на бубрезите и мочниот меур, очниците се поврзани со црниот дроб и жолчката, преткатниците со белите дробови и дебелото црево, катниците со желудникот, слезенката и панкреасот, а умниците со срцето и тенкото црево.

ГОРНА ВИЛИЦА- ДЕСНА СТРАНА

Секачи – епифиза, десна страна од мочен меур, десен бубрег, десно стапало, рбет, колено и задна страна на череп.

Очник – хипофиза, жолчна кеса, црн дроб, грб, колкови и око

Прв и втор преткатник – градна жлезда, дебело црево, десно белодробно крило, врат, палец на стапало, рака, рамо и челни синуси.

Прв и втор катник – дојка, тироидна жлезда, желудник, панкреас, преден дел од колено, вилични синуси.

Трет катник (умник) – централен нервен систем, хипофиза, срце, дланка, рамо и внатрешно уво.

ГОРНА ВИЛИЦА – ЛЕВА СТРАНА

Секачи, очник и преткатници – исто, само локализирано на левата страна

Катници – слезенка
ДОЛНА ВИЛИЦА – ДЕСНА СТРАНА

Секачи – надбубрежна жлезда, мочен меур, десен бубрег, рбет, заден дел од колено, стапало и челни синуси

Очник – жолчна кеса, црн дроб, колк и око

Прв и втор преткатник – дојка, лимфни садови, желудник, колено и синуси

Прв катник – артерии, вени, дебело црево, десно белодробно крило, лакт, дланка, стапало и палец.

Втор и трет катник – периферни нерви, срце, рамо и уво

ДОЛНА ВИЛИЦА – ЛЕВА СТРАНА

Секачи и очник – исто, само на лева страна

Прв и втор преткатник – слезина

Катници – исто како и десна страна

Но, не секогаш сите внатрешни болести се придружени со оштетување на забите.

Понекогаш пациентот може да се жали на некоја непријатност при совршено здрави заби, а често може да има болки со места на кои веќе долго време се отстранети забите. Ова се нарекува фантомска болка.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.