Ако сте пушач, а на јазикот ви се појавуваат бели дамки може да биде знак за оваа болест

Еве поради што се појавуваат белите дамки на јазикот.

Белите дамки се појавуваат на делот од јазикот, а можат да укажуваат на габична инфекција, што е чест случај кога ќе се напиете антибиотици. Тие најчесто се појавуваат кај повозрасните луѓе, но исто така и кај пушачите.

Луѓето со дијабетес можат да бидат посклони на габичните инфекции, а оралните инхаланти за астма исто така може да ги предизвикаат.

Втората причина за појавување на белите дамки на јазикот може да биде леукоплакија.

Оваа состојба често се појавува кај пушачите. Во овој случај потребно е веднаш да посетите доктор затоа што дамките може да предизвикаат орален карцином.

Ретка состојба на осип исто така може да ја предизвикаат белите дамки на јазикот. Во тој случај, покрај осипот кој што се појавува и на други делови од телото, а особено на подлактот и на глуждовите, исто така може да почувствувате неподносливо чешање.

Осипот прво се појавува на устата, а доколку ги забележите белите пруги или пак дамки, веднаш треба да посетите доктор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.