Ако сакате да изгубите килограми важно е да појадувате во точно одредено време
Појадокот е од суштинско значење за брзо губење на тежината, а оптимално време за првиот оброк во денот е седум часот и 11 минути. За ручекот идеално време е , 12:30 до 13 часот , додека вечера подоцна од 18:30 часот е проблем за каква било диета, велат експертите.
Повеќе од 84 отсто од луѓето кои успешно изгубиле од тежината, оброците ги јаделе во точно одредено време додека пак прескокнувањето на оброк се покажало како лоша варијанта. Гладувањето предизвикува јо-јо ефект – брзо губење на килограмите и нивно брзо враќање.
Повеќе од три четвртини од луѓето тврдат дека лесниот ручек и не е најдобра идеја за оние на диета, затоа што тоа предизвикува глад и прејадување за вечера.