Ако немате редовен секс можни се последици по здравјето

Сексот е важен за квалитетен живот, а ако го немате тогаш може да ви се случуваат овие негативни работи.

Поголем ризик од срцев удар

Сексот е одличен за циркулација, а со тоа и за срцето. Некои истражувања покажуваат дека секс три пати неделно го намалува ризикот од срцев удар за 50 %. Ова значи дека животот во апстиненција не е добар за твоето срце.

Кожата е сува и изгледа лошо

Потењето ја чисти кожата, а сексот помага да биде еластична и со самото тоа да изгледа помладо. За време на редовен секс жената зголемено лачи естроген, кој е одговорен за реакциите во телото кои даваат сјајна коса и нежна кожа.

Поголеми болки

Сексот може побрзо да ги намали болките отколку една таблета. Всушност, нивото на окситоцинот во телото расте за пет пати откако ќе постигнете оргазам, а тоа резултира со силно ослободување на ендорфин.

Послаб имунитет

Познато е дека сексот го зајакнува имунитетот, а ако го немате, имунолошкот систем слабее и ќе бидете склони на различни болести.

Хормоните не се избалансирани

Одреден број на хормони се испуштаат за време и после сексот, така што животот во апстиненција може да доведе до неправилно ниво на хормони во телото. Во одредени случаеви може да доведе до нагло зголемување или намалување на тежината како и на расположението.

Пониска самодоверба

Недостаток на секс ја намалува самодовербата, а тогаш мажите и жените знаат да не водат повеќе сметка за себе. Тоа води кон верижна реакција-сè помалку и помалку секс.

Може да станете депресивни

Според едно американско истражување, поединци би можеле да “паднат” во депресија ако живеат без секс, а шансите за тоа се дури два пати поголеми отколку кај луѓето кои имаат редовен секс.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.