Ако не сакате побрзо да остарите, не јадете од оваа храна

Има храна која го забрзува процесот на стареење. Ако сакате младоликост, избегнувајте ги овие намирници:

1. Кафе

Кафето претставува голем проблем кога е во прашање промената на бојата на забите. И тоа затоа што ја содржи состојката танин, врста на полифенол, кој се раствара во водата, а е кривица за жолтата нијанса на забите.

Меѓутоа со тоа може да се изборите доколку јадете храна додека пиете кафе, затоа што храната произведува повеќе плунка која ја оневозможува киселината да предизвика поголеми жолти флеки.

2. Сланина

Пршута сланина и саламите се сите сувомеснати производи кои чуваат сол, а тие можат да предизвикаат дехидрација. Е тоа не е добро за вашата кожа, затоа што таа го губи колагенот, па не е во состојба да се опорави. За да го спречите тоа, мора да пиете доволно вода.

3. Лимон

Како што знаеме, лимонот е полн со киселини, доколку се задржи долго да забите може да ја оштети гледта. Лимонот исто така содржи и голем процент на шеќер, кој може да биде лош за забите и за кожата. Наместо тоа, пиете вода збогатена со лимон или некое друго овошје.

limonada

 

4. Јогурт 

Кога ќе купите јогурт со низок процент на млечни масти, уствари сте купиле јогурт со додатни количини шеќер, кои би требало да го надоместат вкусот. Премногу шеќер ќе направи вашата кожа да изгледа постаро, затоа што ги уништува влакната на колагенот, па кожата не е во состојба да се регенерира, покажа студијата на кликата Мејо, од 2010 година.

5. Бело вино

Алкохолот е еден од главните кривци кога станува збор за бојата на вашите заби. Причина за тоа е што алкохолот ја суши устата, ја смалува количината на плунка и доведува до кариес и флеки на забите.

Секако, подобро е да се држите до црвеното вино, затоа што белото вино е покисело и може да предизвика повеќе штети.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.