Ако лошо спиете ова е причината

Климатските промени влијаат многу на животот на луѓето, а најнова студија покажува дека значително влијание имаат и врз сонот.

Студијата е направена со 765.000 жители на САД од 2002 до 2011 и се дошло до заклучок дека порастот на температурите од еден степен предизвикува луѓето полошо да спијат.

Ако се претпостави дека Земјата ќе продолжи да се загрева од година во година, што не е невозможно, проблемите со лошиот сон ќе го имаат неколку стотина милиони луѓе.

Некои луѓе се особени изложени на овој проблем. Полошо се спие во лето кога има три пати повеќе бессони ноќи за разлика од студените месеци. Научниците кои го спровеле ова истражување дошле до некои интересни податоци. На пример, оние луѓе чии приходи им се помали од 50.000 долари годишно имаат три пати повеќе шанси во текот на месеците со високи температури да имаат неквалитетен сон. Исто така, луѓето кои се постари од 65 години двојно се изложени на овој проблем кога температурата е повисока од онаа што им одговара.

Сонот е многу важен за здравјето. Авторите на студијата велат дека оваа појава може да резултира со намален имунитет и развој на хронични болести, како и да наштети на когнитивните функции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.