Ако имате крварење на забите или сте поспани, веднаш на лекар!

Кога нешто не е во ред со вашиот организам, телото ви испраќа најразлични знаци кои се манифестираат преку алергии на кожата, кршливи нокти и слично.

Кршливи нокти и коса

Ако ноктите и косата ви се многу слаби, односно ноктите лесно ви се кршливи, возможно е да ви недостига витамин Б. Исто така, ова може да укаже и на анемија или проблеми со тироидната жлезда. Секако, ако често користите препарати како лак за коса или често ја пеглате косата, проблемот може да лежи и во тоа.

Крварење на забите

Ако при миењето на забите забележите дека ви се појавува крв, тоа може да биде знак за недостаток на витамин Ц. Забите можат да крварат и поради лошо одржување на орална хигиена, но и ако користите премногу тврда четка за заби која не ви одговара.

Грчеви во нозете

Ако често чувствувате грчеви во нозете, тоа би можело да значи дека на вашето тело му недостига калиум или пак магнезиум. Причината за тоа може да биде и претерана физичка активност, а грчеви можат да предизвикаат и одредени лекови.

Алергија на кожата

Ако кожата постојано ве чеша, тоа може да значи дека ви е премногу сува и дека би требало да ја нахраните, но може и да укаже на алергија на некој вид на храна. Важно е да следите кога точно почнува да ве чеша кожата, па да воочите која е причината за тоа.

Непријатен здив

Ако не сте јаделе ништо „сомнително“, лошиот здив може да значи воспаление на забите, кариес, но може да биде и знак дека немате доволно плунка во устата и дека треба да се напиете вода.

Поспани сте

Постојано сте уморни колку и да спиете, па никако не можете да се одморите. Ова, исто така, може да биде и знак за анемија или пореметување во работата на тироидната жлезда. Причина за ова може да биде и нездравата исхрана, дијабетес, но и стрес. Исто така, ако покрај тоа што постојано сте уморни, се чувствувате и незадоволно и тажно, причина за тоа може да биде и депресија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.