Ако ги оставите цигарите до 40-тата година ќе живеете подолго!

Oдамна е познато дека цигарите го скратуваат животот, бидејќи лошите ефекти од пушењето се чувствуваат со текот на годините. Сепак, според последното истражување спроведено од страна на глобалното истражување на здравјето од Торонто, пушачите може да ја намалат можноста за прерана смрт ако ги остават цигарите пред четириесетата година.
Студијата покажа дека пушачите во просек живеат една деценија пократко од очекуваното, додека оние кои се откажале од пушењето меѓу 35 и 45-та година, може да живеат уште девет од тие десет години. Оние кои ќе се откажат од тутунот помеѓу 45 и 54-та година, може да вратат шест години од животот, а пак оние кои се откажуваат од 55 до 65-та година само четири години.
Веројатно најбитниот податок од ова истражување е да се остават цигарите до 35-та година со што ќе се намалат сите негативни ефекти кои доведуваат до прерана смрт.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.