Ако ги имате овие симптоми ви недостига железо!
Околу 10 отсто од жените страдаат од недостаток на железо во организмот, а најмногу се погодени жените што се физички мошне активни или живеат забрзан живот. Ова се најчестите симптоми дека на вашиот организам му е потребно железо:
Замор
Телото го користи железото за производство на хемоглобинот што се наоѓа во црвените крвни клетки, а истиот го пренесува кислородот. Недостатокот на кислород во крвта доведува до чувство на константен замор.
Лоша концентрација
Ако често сте лошо сконцентрирани можно е да ви недостасува железо.
Апатија
Апатија кон се: кон семејството, пријателите, работата или омилените активности исто така може да бидат предизвикани од недостатокот на железо. Ако расположението ви се менува често, проверете го железото.
Задишаност
Ако додека пешачите, тренирате или вршите работи по дома брзо и нагло останувате без воздух причината за тоа можеби е недостатокот на овој важен минерал. Имено, на вашето тело му е потребен кислород а не го добива во доволни количества.
Бледило
Бледата и проѕирна кожа може да биде симптом за недостаток на железо што секако не е добар знак. Бледилото на кожата е предизвикано со слаба циркулација на крвта и со намалување на бројот на црвени крвни клетки.
Намалување на физичката издржливост и кондицијата
Ако редовно вежбате сигурно ќе забележите ако вашите вообичаени вежби ви стануваат пренапорни. Недостатокот на железо ја намалува физичкта способност и издржливост на организмот.
Болки во мускулите
Ако по тренингот или по подолго пешачење секој пат чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле ништо невообичаено, тоа би можело да биде знак дека телото ве предупредува дека му недостига железо. Таквата состојба го забавува заздравувањето на мускулите.
Кршливи нокти
Ако вашите нокти не се цврсти како порано и ако сте забележале дека се меки и вдлабнати постои можност да ви недостасува железо.