Надлежните ќе испитуваат како починало 15-годишното момче на операција во Трауматологија

И здравствените власти ќе испитуваат како починало 15годишното момче за време на операција на колено во Клиниката за трауматологија. Комисија формирала самата клиника а бил направен надзор и од страна на ДСЗИ. трагичниот настан се случил во вторникот вечер на Клиниката за трауматологија. Според информации на samozdravje.mk за време на интервенцијата на коленoтo кај момчето настанале компликации најверојатно од анестезијата. Телото е дадено на обдукција на Iнститутот за судска медицина која треба да ја утврди точната причина за смртта. Од Клиниката го потрвдија случајот и повеќе информации најавија за денеска.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.