Колку лук да изедете за нормализирање на крвниот притисок?
Како да го консумирате лукот?
Најдобро би било лукот да го консумирате во свеж облик. Кога ќе го здробите или исечкате, од лукот се отпушта споменатиот алицин. Дејството на алицинот се намалува со староста на лукот или со третирањето на лукот на висока температура. Имено, алицинот е познат како мошне нестабилен спој поради што и не е достапен во чист облик како суплемент.
Дозата на лукот – варира
Повеќето чешниња лук тежат околу 3 грама. За да го превенирате високиот притисок можете да консумирате дневно околу 1 грам лук. Секако, би требало и да се консултирате со својот лекар околу количината на дневниот внес на лукот, особено ако користите некои лекови.
Со консумирањето само на лук нема да успеете да го намалите во целост притисокот, бидејќи стручњаците наведуваат дека за такво нешто е потребно секојдневно да јадете 30-тина чешниња лук – одеднаш.
Наместо тоа, постои алтернатива, а таа се наоѓа во таблетите или капсулите. Меѓутоа, доколку не ви пречи мошне специфичниот и непријатен мирис на лукот, тогаш секако најпрво потпрете се на благодатите на природниот и свеж облик на лукот.