Пијат алкохол за да се справат со стресот!

Речиси 60 проценти од возрасните Британци секојдневно пијат алкохол за да може полесно да се справат со секојдневниот стрес, покажуваат податоците од независната хуманитарна заедница „Дринкавер“ ангажирана за намалување на злоупотребата на алкохол во Велика Британија.

Последното истражување на „Дринкавер“ ги опфаќало секојдневните навики на пиење алкохолни пијалаци на Британците на возраст меѓу 18 до 75 години. Истражувањето спроведено во март и април минатата година опфатило повеќе од 6.000 возрасни лица во период од неколку недели.

Дури шеесет проценти од испитаниците признале дека пијат за да се справат со секојдневниот стрес.

Докторката Ерика Хиндал објаснила зошто многу луѓе прибегнуваат кон алкохол само во јануари.

„Јануари е месец кога многу Британци се соочуваат со страв од финансиската состојба и можните долгови“, смета таа.

„На некој можеби му се чини дека една или две чаши алкохол ќе го опуштат по напорниот работен ден, но долгорочно ваквото чувство може да се претвори во депресија и анксиозност, што ќе придонесе за уште полошо справување со секојдневните проблеми“, вели Хиндал.

„Алкохолот може да биде лажен пријател во обид да се надмине стресот“, додава докторката.

Речиси половина од испитаниците се изјасниле дека пијат по стресен работен ден, а повеќе од една третина рекле дека свратуваат во кафуле на патот кон дома. Четириесет проценти од жените и една третина од мажите признале дека пијат алкохол над препорачаните вредности.

Шеесет проценти од испитаниците за стресот ја обвинуваат работата, 36 проценти семејните проблеми, а преостанатите финансиските проблеми.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.