Над 100 несакани реакции од лекови пријавени лани во Македонија

Над 100 граѓани минатата година пријавиле несакани реакции од лекови. Директорот на Агенцијата не откри за каква терапија станува збор, само спомена дека се работи за разновидни лекови од повеќе производители и дека немало сериозни компликации по здравјето на пациентите. Тој очекува бројката на вакви пријави да се зголемува обвинувајќи дека овој систем претходно не функционирал.
-За надминување на оваа ситуација е оформена работна група која ја сочинуваат клинички и болнички фармацевти од различни здравствени институции, кои поминале обука и продолжиле да ги применуваат добиените сознанија, а како почетен резултат од таа активност за период од два месеци бројот на пријави е зголемен на над 100 и се очекуваат уште позначајни резултати, изјави Роберт Беќировски, директор на МАЛМЕД.

Директорот на МАЛМЕД не сакаше да открие ниту за кој фалсификуван лек станува збор за кој пред неколку месеци беше обелоденето дека во земјава бил внесен преку паралелен увоз, а инспекторите спречиле повеќе пакувања од тој лек да бидат пуштени во промет.
– Во изминатите месеци, нагласи тој, инспекциските служби открија поединечни пакувања од еден лек кои одговараат на дефиницијата за фалсификуван лек. За тие лекови од сооветна лабораторија се докажа дека станува збор за фалсификувани лекови, не истите биле пуштени во промет и до Основното јавно обивнителство е поднесена пријава и предметот е предаден на натамошна постапка, додаде Беќировски.

Инаку во иднина лековите кои преку паралелен увоз ќе доаѓаат во Македонија мора да имаат сертификат за квалитет од производителот или од акредитирана лабораторија. Од агенцијата за лекови уште еднаш потенцираа дека сите инсулини кои во моментот се користат во земјава се испитани и безбедни и гарантираат за тоа, но не кажаа кој инсулин и од каде во моментот и е достапен на дијабетичарите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.