Дали треба да се прескокнува доручекот?

Доручекот е најважниот оброк во денот-колку пати сте го чуле тоа? Ако веќе тоа ви досадило, а не сакате да јадете наутро, еве добри причини за прескокнување на доручекот.

Доручекот е најважниот оброк во денот, доручекот мора да биде здрав, не смее да се прескокнува…сето тоа го тврдат нутриционисти, но се нашол еден кој одговорно тврди – доручекот можете да го прескокнете.

Др. Џон Берарди вели дека во својата пракса воглавно на луѓето им го препорачува доручекот за полесно да се создаде навика на јадење неколку помали оброци.

Но, во случај да сте дисциплинирана личност која јаде разновидна храна, нема апсолутно ниту една причина зошто доручекот би ви бил најважен оброк во денот. Се разбира, ако немате енергија наутро, изедете го доручекот, но, на оние на кои тоа не им треба за да им започне денот, слободно можат да го прескокнат тој оброк.

Според Берарди, доручекот не влијае врз забрзување на метаболизмот, ако го прескокнете можете во текот на денот да изедете повеќе помали оброци што ќе го спречи прејадувањето, а и добро е малку да се пости.

Имено, постот го намалува нивото на инсулин што ќе биде добро за регулирање на нивото на шеќер во крвта,а телото во тие моменти излачува повеќе хормони на раст кој ги чува мускулите и го согорува масното ткиво.

Покрај сето тоа, со прескокнување на доручекот ќе го контролирате внесот на јагленохидрати во текот на денот, а за крај – можеби едноставно не ви се јаде наутро.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.