Заспивањето со таблет е лошо за здрвајето

Ако пред спиење читате електронска книга тогаш треба да знаете дека ќе имате лош сон, па дури и ќе му наштетите на своето здравје, предупредуваат американски доктори.

Истражувачки тим од Универзитетот Харвард ги споредил ефектите од читање класична книга и е-читач пред спиење и открил дека корисниците на електронските апарати со позадинско светло потешко заспиваат, немирно спијат и наутро се будат поуморни.

Имено, сината светлина која ја емитуваат паметните телефони, таблетите и ЛЕД осветлувањето може да го наруши внатрешниот часовник кај човекот. Оваа светлина навечер може да го забави или пак да го спречи производството на хормонот мелатонин.

– Докажано е дека недостигот на сон ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести, од дијабетес, рак и дебелеење. Наш совет до луѓето е што помалку да користат е-читачи навечер, а тоа посебно се однесува на тинејџерите кои многу често ги користат мобилните телефони и таблетите до доцна во ноќта, изјави шефот на истражувачкиот тим, професор Чарлс Зајслер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.