По новогодишната ноќ ако завршите на Токсикологија, за 20 минути ќе знаат колку алкохол сте испиле!

За прв пат за време на новоговогодишните празници на токсикологија ќе утврдуваат колку алкохол испиле граѓаните завршат на клиниката. Паралелно ќе се испитува и дали сед користеле психотропни супстанци и за каква дрога станува збор.

Секој што ќе се испијани за новогодишните празници и заврши на Токсикологија ќе знае точно колку алкохол во крвта имал. Паралелно може да се испита и дали лицето користело психотропни супстанци и за каква дрога станува збор. Во новата токсиколошка лабораторија за 20 минути ќе го имаат точниот резултат. Од Клиниката велат дека еден од мотивите да се набави овој апарат биле честите барања на родителите кои сакале да знаат колку испиле нивните деца.

-Овој апарат има можност да определи прецизна концентрација на алкохол во крвта и урината. Со тоа можеме да кажеме точно во моментот кога пациентот стигнува кај нас на Клиниката колкаво е количеството на алкохол исто и ретроградно да одредиме колкава била количината во моментот кога се консумирало алкохол, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.

Доктор Беќаровски кој има долгогодишно клиничко искуство вели дека немале смртен случај од алкохолно труење, но речиси секојдневно и кога не е празник имаат пијани пациенти.

-Акутното труење сите знаеме дека утре дента предизвикува мамурлук, за среќа не сме имале фатален исход, но хроничното пиење може да предизвика здравствени проблеми, пред се оштетувања на црниот дроб( цироза), додаде д-р Беќаровски.

Сите кои ќе претерат со пиењето и ќе завршат на Токсикологија детоскикацијата мора да ја платат приватно, но чести се случаите да прват проблеми на медицинскиот персонал и откако ќе ги “отрезнат” да избегаат без да дадат пари.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.