Државен советник во министерството за здравство со факултет за историски науки – Дали огласот е наместен?

Министерството за здравство преку оглас бара државен советник за здравство со историски науки. Ова е една од квалификациите на лицето кое ќе биде ангажирано на оваа работно место што отвора сомнеж дека огласот е претходно наместен за конкретна личност.
– Огласот за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика е објавен на 19 декември годинава и завршува денерска во период кога министерството е без министер.
Оттука се поставува прашањето зошто се бара советник на министерот токму во период кога првата фотеља во здравството е празна подолго време и што во овој сектор ќе советува лице со завршен факултет за историја.

Од министерството излегоа со следниот одговор
-Огласот за пополнување работно место во органи на управа и во Министерство за здравство се објавува согласно постојната систематизација за работни места и општи и посебни услови утврдени со Правилник за систематизација на работни места на МЗ, донесен во 2015 година.
За оваа позиција, првично се предвидени двајца извршители, и едниот извршител е веќе вработен во 2016 година, согласно претходно предвидените критериуми, а во тек е постапката за вработување на вториот извршител-државен советник.

Но, од здравство конкретно не одговорија на прашањата на Сител меѓу кои зошто токму вакво високо образование и колку кандидати аплицирале досега?
Инаку се шпекулира дека овој оглас за државен советник е пуштен конкретно за лице кое од претходно е вработено во министерството.
Инаку покрај другите карактеристики во огласот е наведено е дека нето платата ќе биде околу 37.000 денари и се напоменува дека кандидатите треба да се македонци по националност.
Позицијата државен советник е едно од највисоките места во хиерархијата веднаш зад заменик министер и државен секретар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.