И ноктите можат да откријат рак на кожа!
Меланомот под ноктите еднакво често се појавува кај мажи и жени, под ноктите и на рацете и на нозете, а најчесто се забележува на само еден прст. За жал промените на ноктите не се сфаќаат како сериозен показател на болест, а од естетски причини жените многу често се трудат и да ги покријат симптомите со лакирање или надградување.
Симптоми:
– Најчест симптом е кафена или црна лента под ноктот, што многу луѓе го игнорираат сметајќи го за безопасна промена или модринка поради удар.
– Кожата до ноктот потемнува – напредна фаза на болеста
– Ноктот изгледа деформирано или се одвојува од кожата под него.
– При самопреглед не ги заборавајте и помалку видливите делови од кожата, како под пазувите, меѓу ножните прсти и главата (зад ушите, покриено со коса/брада). За деловите што не може да се проверат при самопреглед (очите, во носот, во устата, гениталии, анус) се препорачуваат годишни лекарски прегледи.